Таткото на Фросина: „Не би сакал да се сретнам со судијката, родителите на Васил или со него“

 

Во вечерашното гостување на Телевизија Сител, таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова, Тодор Кулаков на прашање дали 20-годишниот Васил бил на местото на несреќата, тој рече не.

– Ние живееме во Дебар маало, тоа е на 200 метри, девојчето како и секоја вечер што си излага си излезе сама со кутрето. Како што знае јавноста, таа е моден дизајнер, 4 година по ред сега оваа недела е некои најголеми модни случувања во Париз и со институтот на Изет Цури они одат таму и она си ги завршуваше тие некои последни работи затоа и беше излезена. Слушнавме само брза помош, пискотници и сопругата и ѕвони не одговара на телефон, јас и ѕвонам не одговара на телефон, пиштат полициски коли, гледаме низ прозор 20 полициски возила, специјалци, чуда. Не треба ако дете не ти одговара не телефон да знаеш дека нешто се случило и шпринт тоа е, вели Тодоров.

На прашање дали осомничениот Васил Јованов бил на местото на несреќата, таткото рече „не“.

– Дали е иронија на судбина или не знам што е веројатно понатаму времето најдобро ќе покаже он колата откако ја согазил ќерка ми ја остава пред нашата зграда на „Партизанска“, четири трепкачи „Партизанска“ е празна. Кутрето што го водела под кола било, но не го видовме бидејќи ноќ е. Тоа можам да ви кажам, не беше, вели таткото на Фросина.

Таткото на Фросина на прашањето што би им порачал доколку би се сретнал со судијката која му дала блага казна на Васил, родителите не Васил или пак лично Васил тој порача дека „не би сакал да ги сретне“.

 

Back to top button
Close