Техеран: Реално можни се американски напади пред ноемвриските избори за Конгресот

 

Американските напади врз Иран пред изборите за Конгресот на 3 ноември се „реално можни“ и покрај негирањата од страна на претседателот Доналд Трамп, изјави армиски портпарол, јави ДПА.

Ова е „многу реална можност, бидејќи администрацијата на Трамп треба да покаже некаков успех пред изборите на средината на мандатот“, изјави Хусеин Мохеби за весникот „Техеран тајмс“.

Исламската Република е подготвена за такво сценарио, додаде тој.

Во последно време се зголемија загриженостите за повторна ескалација на војната со Иран. Минатиот четврток, Трамп негираше дека има намера да го нападне Иран пред изборите. Американската администрација соопшти дека води „конструктивни разговори“ со Техеран.

Иранското раководство, пак, укажа на претходни напади што се случиле додека траеле преговорите со САД.

Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатата недела разговараа за можноста за нова воена кампања од големи размери против Иран, според американскиот медиум „Аксиос“. Во меѓувреме, израелските медиуми објавија спротивставени информации за разговорите меѓу двајцата сојузници.

САД и Израел ја започнаа својата војна против Иран на 28 февруари. Конфликтот останува нерешен, а преговорите се во ќорсокак со месеци.

Back to top button
Close