Техеран спречил диверзија врз зграда на Иранската организација за атомска енергија

Иранските власти соопштија дека спречиле диверзантска операција насочена кон зграда на Иранската организација за атомска енергија во близина на Техеран, објави денеска државната телевизија.

„Нападот не предизвика жртви или материјална штета и не можеше да ја наруши иранската нуклеарна програма “, соопшти телевизијата, без да даде други детали.

Државната телевизија додаде дека властите работат на идентификување на напаѓачите.

Иранските медиуми не давааат детали за видот на нападот, наведувајќи само дека целта била голем нуклеарен центар во градот Карај, оддалечен околу 40 километри од Техеран.

Иранските власти не прецизираат кој објект во Карај бил цел на нападот, бидејќи постојат два објекти во областа поврзани со иранската нуклеарна програма.

Back to top button
Close