„Телма“ анкета: Заев со поголема доверба од Мицкоски, 36 отсто од испитаниците не му веруваат на ниту еден политичар

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев има 3,8 отсто преност пред лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски но дури 36,1 отсто од испитаниците немаат доверба во ниту еден политичар во Македонија, покажува анкетата на Телма.

Мора да се напомене дека на испитацниците не им беше дадеа стандардизира листа на политичари туку тие самите го наведуваа името на политичарот во кој најмногу веруваат.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев го навеле 18,8 отсто од испитаниците а христијан Мицкоски 15 отсто. По нив следуваат Али Ахмети до 7,4 отсто од испитаниците, претседателот Стево Пендаровски со 3,8 отсто, техничкиот премиер Оливер Спасовски со 1,8 отсто и вицепремиерката Радмила Шеќеринска со 0,8 отсто. Осум отсто од испитаниците изјавиле дека најголема доверба имаат вио друг политичар а дури 36,1 отсто немаат доверба во ниту еден политичар во државата.

Според етничката припадност на испитаниците Заев има предноста во македонскиот блок но помала. За него се определиле 21,5 отсто од испитаниците додека Мицкоски епрв избор кај 20,4отсто. Лидерот на СДСМ на свое конто книжи и 7,5 отсто доверба од Албанците.

Кај Албанците неприкосновен е лидерот на ДУИ Али Ахмети кого го навеле 31,9 отсто од испитаниците. Зад него е Зијадин Села во кои најголема доверба имаат 12,8 отсто и специфично – Билал Касами од Беса има доверба меѓу Албанците од 1,8 %, а во случаен избор со доверба од 2,7 отсто се појавува министерот за образование во заминување Арбер Адеми.

Кога станува збор за недовербата кај Македонците дури 40 отсто од испитаниците немаат доверба во ниту еден политичатр во државата додека кај Албанците тој процент изнесува 23,5 отсто.

Анкетата на  телевизија „Телма“ ја спроведе „М Проспект“ и е на репрезентативен примерок кај 1.003 испитаници. Анкетата беше спроведена телефонски во периодот од 16 до 21 јуни и е со статистичка грешка од 3,1 % и со ниво на доверба од 95%.

Back to top button
Close