Телма: Тополова-Исајловска чека мислење од ДКСК за изземањето на Ристоска од предметот „Талир 1“


В.Д државната обвинителка Анита Тополова Исајловска ја консултира Антикорупциската комисија- дали обвинителката Ленче Ристоска има судир на интерес да го води предметот „Талир 1“ за незконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, пред да одлучи дали ќе ја изземе како што бара одбраната, или пак не.

Во меѓувреме закажаните термин за судење пропаѓаат. Денеска по трет пат не се оддржа рочиште за „Талир 1“. Рочиштето е отповикано затоа што судот чека од в.д. обивнителката да се прозинесе. Таа пак чека одговор од Антикорупциската комисија.

„Со цел донесување одлука по поднесеното барање, в.д. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија побара мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата во однос на постоењето на судир на интереси во конкретната ситуација. По добивање на мислењето, ќе биде донесена одлука, влеат за Телма од јавното обвинителство“, соопштува Јавното обвинителство.

Од ДКСК за Телма велат дека му одговориле на обвинителството, но оттаму барале дополнително појаснување, и за тоа ќе се прозинесат во наредниот период.

Бранителите на обвинетите ексфункционерите од ВМРО-ДПМНЕ, побараа изземање на Ристоска уште на 29 јануари затоа што се сомневаат во нејзината непристрасност откако поднесе тужба за клевета против ВМРО-ДПМНЕ. Ристоска уште тогаш рече дека смета дека постапува објективно и според неа, обвинетите не сакаат таа да биде обвинителка во случајот и трет пат бараат нејзино изземање. Ристоска го води и предметот „Талир 2“ за партиското седиште каде обвинет е екс премиерот Груевски и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close