Телото на Карадакоски донесено од Литванија

Телото на директорот на дискотеката „Пулс“, Александар Карадакоски, кој беше 60-тата жртва од пожарот во Кочани, вчера е транспортирано во Македонија од Литванија, по што е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција.

Според најавата, погребот на Карадакоски,кој во меѓувреме им подлегна на повредите, ќе се одржи утре (08 април) во 14 часот, а од 12 часот ќе биде изложено во градската капела во Кочани.

Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници која изнесува околу 36 проценти беше причина за починувањето на 29-годишниот кој се лекуваше во Литванија.

Состојбата му се влошила на 1 април, Александар бил и на дијализа поради откажување на бурбезите. Почина на 4 април.

Беше еден од осомничените за пожарот во „Пулс“, но Обвинителството ја запре истрагата по неговата смрт.

Back to top button
Close