Тен Хаг: Брентфорд беше подобар од нас, заслужено освои бод

– Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег ги сумираше впечатоците од синоќешното гостување кај Брентфорд (1:1) во 30. коло од Премиер лигата.

Манчестер го отвори резултатот во 90+6. минута, но три минути подоцна испушти победа.

– Брентфорд беше подобар од нас. Тие покажаа повеќе страст, желба и одлучност од нас. Дали е прифатливо другите тимови да покажат поголема страст и желба? Не. Никогаш. Тоа го покажавме на натпреварот против Ливерпул и на многу други натпревари. Ова мора да го покажеме на теренот. Се боревме, но во малите нешта Брентфорд беше поконцентриран и поагресивен, а требаше да биде обратно. Поведуваме и дозволуваме противникот да изедначи, тоа е многу разочарувачки, изјави Тен Хег за „Би-би-си“.

Манчестер јунајтед е шести во поредокот на англискиот шампионат со 48 бодови од 29 натпревари

Back to top button
Close