Тесен пораз на македонските футсалци на стартот на евроквалификациите

Македонската репрезентација во футсал вечерва загуби минимално на гостински терен од Босна и Херцеговина со 2:1 во премиерниот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Домаќините дојдоа во водство во осмата минута преку Јосип Бошковиќ, кој до крајот на полувремето го усвои водството со својот втор гол на натпреварот во 17 минута. Две минути подоцна македонскиот тим пропушти голема шанса да ја преполови негативата, откако Дандан промаши пенал.

Босанскиот голман, сепак, беше совладан на почетокот на вториот дел, кога Драган Петровиќ во 23-та минута внесе резултатска неизвесност.

Најголемата шанса избраниците на Васил Скендеровски со бод да се вратат од гостувањето во Зеница ја пропушти Адријан Мицевски, чиј обид во последната минута заврши во стативата.

Во вториот натпревар вечерва во рамки на првото коло во групата 4, Романија и Србија одиграа нерешено со резултат 2:2.

Македонската репрезентација во второто коло ја пречекува Романија, во Скопје на 3 февруари.

Back to top button
Close