Тешка сообраќајка кај Младеновац – во директен судир со автобус загина возачот на автомобилот, 30 луѓе се повредени

Возач на автомобил загина при судир со автобус кај Мали Пожаревац, во соседна Србија.

Повредени се повеќе од 30 лица, а екипи на итната помош се на терен. Повеќето од повредените се здобиле со полесни повреди.

Утрово во 5 часот и 40 минути на приодниот пат кој води од Младеновац кон автопатот и клучката Мали Пожаревац, во судир на автобус на приградската линија 493 и патнички автомобил загинал возач на патничко возило.

Повредените со брза помош и приватни автомобили се пренесени во Ургентниот центар

Back to top button
Close