Тешко повреден жител на Миладиновци починал на Клинички, телото на обдукција

Тешко повреден жител на скопското село Миладиновци починал на Клиничкиот центар во Скопје, а телото било дадено на обдукција.

– Вчера околу 6:45 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во градот е пријавено дека починал М.А., на возраст од 56 години од село Миладиновци, скопско, кој на 8 јули бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа – информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

По насоки од јавен обвинител, како што соопштија од МВР, телото на починатиот било предадено во судска медицина за обдукција.

Back to top button
Close