Тетовчанка приведена по пријава дека ја нападнала ќерка си и нејзиното десетмесечно бебе

Од СВР Тетово информираат дека на 5 октомври во 23:40 часот од слобода била лишена З.М., откако било пријавено дека физички ја нападнала својата ќерка.

Според пријавата на 19-годишната девојка, нејзината мајка го запоставувала и малтретирала нејзиното десетмесечно бебе.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово, кои ќе постапуваат во рамки на своите надлежности.

Од МВР додаваат дека по целосното документирање на случајот против З.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close