Тетово, Кичево, Струмица, Велес се меѓу најзагадените градови во Македонија вечерва

Тетово, Кочани, Велес, Кавадарци, Кичево, Струмица вечерва се меѓу најзагадените градови во Македонија, покажуваат податоците од апликациите за мерење на квалитетот на воздухот.

Најзагаден е Тетово со 213 микрограми ПМ10 честички на кубен метар воздух. Во продолжение останатите градови и загадувањето во нив.

Лекарите препорачуваат лицата од ризични категории, повозрасните и лицата кои имаат проблеми со респираторниот систем и астматичарите да не излегуваат од дома без потреба.

Back to top button
Close