Тетовското зонско паркирање од понеделник со подолго време на наплата

– Летното работно време и наплаќањето на зонско паркирање во Тетово започнува од 1 јуни наместо од 1 мај поради пандемијата со Ковид19 информираа денес од тетовското општинско претријатие. Од понеделник ќе има подолг период на наплата на зонското паркирање.

-Работното време на зоните А и Б ќе биде од 7 до 23 часот, а во сабота до 7 до 14 часот. Недела и државни празници зонското паркирање е бесплатно, соопштија од Јавното претријатие „Градски паркинг Тетово“.

Во зона А зонско паркирање во Тетово чини 30 денари, додека во Зона Б е 20 денари од еден час.

Советот на општина Тетово на седница на 27 февруари годинава ја донесе одлуката да има зимско и летно работно време. Според таа одлука, зонското паркирање во период од 1 мај до 30 септември треба да биде од 7 до 23 часот, а во сабота до 14. Во зимското работно време од октомври до април зонското паркирање се одвива од 7 до 21 часот, а во сабота исто така до 14. ас/хс/

Back to top button
Close