Тинејџер од Штип украл возило од Клинички центар и удрил во бетонски столб

19-годишен штипјанец е приведен денеска откако во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ одзел патничковозило, сопственост на мензата на болницата и со него удрил во бетонски столб информира Министерството за внатрешни работи.

viber sharing button

На 04.01.2023 во 02.45 часот на ул.„Козара“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(19) од Штип, затоа што околу 01.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ одзел патничко возило, сопственост на мензата на болницата и со него удрил во бетонски столб“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

Back to top button
Close