Тинејџерот убиец во Бангкок имал ментално растројство

Момчето (14) кое денеска отвори оган во трговски центар во Бангкок, при што уби две лица, а рани пет други е уапсено, јавија локалните медиуми.

Во пукањето загинале Кинез и жител на Мјанмар, а ранети се уште пет лица, соопшти началникот на полицијата Торсак Суквимол.

Осомничениот е четиринаесетгодишно момче на кое претходно му било констатирано ментално растројство, но не земало лекови.

– Ни кажа дека некој од „внатре“ му кажал во кого да пука, изјави Суквимол.

Тинејџерот е ученик во приватно училиште кое се наоѓа во близина на трговскиот центар. Тој беше уапсен во продавница за мебел според снимките од надзорните камери што ги објавија тајландските медиуми.

Пукањето предизвикало паника во луксузниот трговски центар Сиам Парагон, а очевидци изјавиле дека оттаму итно се евакуирани стотици луѓе.

Центарот се наоѓа во центарот на Бангкок. Тој е туристички и комерцијален центар кој привлекува многу посетители, особено Кинези кои често купуваат таму.

Пукањето се случи речиси една година по најголемото масовно убиство во модерната историја на Тајланд, кое се случи во провинцијата Нонг Буа Лам Пу. Тогаш поранешен полицаец уби 36 лица, повеќето деца помлади од пет години.

Според податоците на швајцарската програма Small Arms Survey во Тајланд, земја со 70 милиони жители, во 2017 година имало околу десет милиони огнено оружје, од кои приближно четири милиони не биле регистрирани.

Back to top button
Close