Точеле алкохол на малолетници, па ги бришеле снимките од камерите за да се сокријат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице од Свети Николе, Б.К.(34) – одговорно лице во правното лице и С.С.(21), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“ и против А.П.(37) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.

На 12.04.2025, во периодот од 20:00 до 23:00 часот во угостителски објект во Свети Николе, второпријавениот со пропуштање на должен надзор овозможил и дозволил да се врши точење на алкохол на деца, а третопријавениот С.С., вработен како келнер, со алкохол послужил тројца малолетници.

Додека, четвртопријавениот, на 13.04.2025 ги избришал снимките од видео надзорот во угостителскиот објект

Back to top button
Close