Тома Фила: Не знам што уште сака Бугарија, Заев направи сѐ

Српскиот адвокат со македонско потекло, Тома Фила, во вечерашната емисија „Трилинг“ на ТВ24 изјави дека не знае што сака Бугарија и дека поранешниот премиер Зоран Заев направил сѐ за да го реши спорот со Софија.

„Не знам што сака Бугарија, навистина не знам. Заев направи сѐ што можеше, дури и работи кои што не ги сфаќам. И да се нарече некој окупатор, а не бугарски, кои извршија толку многу злосторства во Втората светска војна… Да не остане Македонија како име, тоа би било премногу, не можам да замислам“, рече познатиот адвокат.

Тој вели дека не би можел да замисли да се нарече Бугарин.

„Власите би ме убиле сред Белград, доколку кажам такво нешто“, рече Фила.

Back to top button
Close