Томас Вајц за БТВ: „Не гледам проблем за македонскиот идентитет и јазик“


 

 

Тој ова го изјави пред презентирањето на Извештајот за Македонија во среда во Брисел. Во претходно интервју за 360 степени Вајц изјави дека за него Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски. Во извештајот јасно се споменува реалноста на независниот македонски идентитет и јазик рече тој, за што беше остро критикуван од бугарските европратеници.

„Не гласаме за признавање на македонскиот јазик. Факт е дека во Извештајот на Европскиот парламент за Република Северна Македонија се споменува македонскиот јазик и македонскиот идентитет и јас не гледам проблем во тоа. Со сето должно почитување – сите култури идентитети и националности во Европа се тесно испреплетени. Го кажувам ова како Австриец, како Словенец, како Унгарец, како граѓанин на Европската унија“, вели Томас Вајц.

На ваквата изјава на Вајц од Владата со став дека со ова се докажува дека бугарската политика е ретроградна и затоа Македонија треба да се обедини.

„Ова е уште една потврда за ретроградната политика која ја водат, но од друга страна ова е уште еден показател дека сите политички чинители во Македонија треба да се обединат околу нашите заеднички интереси“, вели Владата.

Најавите дека евентуално Европскиот парламент би усвоил Извештај во кој се споменува  македонскиот идентитет и јазик ја вжешти атмосферата во Бугарија. Вчера и бугарскиот парламент усвои нова декларација во која се потенцира дека се неприфатливи било какви обиди за повторно преговарање од веќе постигнатите договори.

„Бугарија ќе продолжи да го запазува договореното од 2022 година. Ние нема да отстапиме ниту еден сантиметар од него. Нема да престанеме да повторуваме дека запазувањето на европските барања е тоа што е неопходно за да може да се постигне напредок.“, вели Георг Георгиев.

Деновиве премиерот Мицкоски во пресрет на презентирањето на Извештајот повика од сите политички партии да влијаат на своите европски партнери и да обезбедат поддршка за извештајот во кој се нагласува посебноста на македонскиот идентитет и јазик.

„Јас искрено ве замолувам, не само вас, тука ја гледам и Зајкова и останатите кои што се дел од одредени политички семејства кои што имаат европратеници да лобираат во насока на тоа да се прифати ова се за кое што го зборуваме. Еве ги повикувам сите дајте поддршка сите заедно да излеземе и да ги убедуваме тие пратеници“, вели Христијан Мицкоски.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вчера изјави дека лобирал кај европските социјалисти текстот да биде изгласан, кој рече дека тоа е заеднички интерес. Притоа тој запраша дали тоа ќе биде и доволна гаранција за да се откочи евроинтегративниот процес.

Извор: тв21

Back to top button
Close