Тошковски: „Безбеден град“ ќе профукнционира од 2026 година

Имплементацијата на системот „Безбеден град“ се очекува да профункционира од 1 јануари 2026 година. За негова примена се потребни пет законски измени, при што до крајот на апрол е очекува сите измени на закони поврзани со безбедноста на сообраќајот во државата да бидат доставени до Собранието. Првите казни ќе почнат да се изрекуваат од 1 јануари 2026 година, но системот ќе почне да функционира и порано, со тоа што ќе се испраќаат предупредувања до возачите за направените прекршоци. Дел од системот „Безбеден град“ ќе бидат и возила со опремени со паметни камери кои при движење во рамки на конкретни сообраќајници и улици ќе ги констатираат сите погрешно паркирани возила.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера изјави дека во последните десет дена има засилени сообраќајни контроли, регистрирани се зголемен број прекршоци, а бројот на сообраќајни незгоди е намален за 30 отсто и сообраќајни незгоди со жртви за 60 отсто. МВР, пак, вчера соопшти дека од почетоков на месецов заклучно со 20 февруари, полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР издале 18.132 платни налози на граѓани-учесници во сообраќајот за сторени прекршоци по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. Најголем дел од тие непочитувања на сообраќајните правила и прописи се однесуваат на пречекорување на брзината на движење – 6.056, потоа непрописно паркирање – 4.213 инепоседување на возачка дозвола – 1.510.

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски информира дека доцна синоќа е завршена ревизијата на, како што вели, нефункционалните закажани термини за фотографирање за л

Според Тошковски, пак, сепак останува фактот дека бројот на прекршоци годинава е двојно зголемен во однос на лани. -Ако во 2024 година имало околу 2.000 прекршоци на ниво на СВР Скопје за период од 10 дена, годинава има околу 4.000 прекршоци, што се констатирани со зголеменото присуство на полицицајци на терен, рече Тошковски, кој вчера говореше на јавната трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоци за проектот „Безбеден град“.

Тој кажа дека со системскиот пристап работната група утврдила дека се потребни промени во пет законски решенија за овој проект квалитетно да профункционира и тоа за Законот за безбедност на патиштата, Законот за прекршоци, Законот за возила, Кривичниот закон и Законот за извршување на санкции. Сите тие, смета тој, се клучни закони кои треба да претрпат измени за да создадеме функционално системско решение.

-Ова е прв приоритет на МВР. Во наредните месец дена ќе работиме интензивно на целокупанта легислатива која што е потребно да се промени, и се надевам дека до крајот на месец март ќе имаме првична верзија на сите закони коишто треба да влезат во процедруа се со цел во април да влезат во владина процедура, а се надевам до крајот на месец април да влезат и во собраниска процедура, изјави Тошковски, повторувајќи дека целта не е да се казнуваат граѓаните, туку да се смени сообраќајната култура и да се намалат сообраќајните прекршоци и несреќи.

Направивме увид на системот „Безбеден град“ што е инвестиција на општината, но во периодот што следи треба да биде интегриран на оној поголем систем што планира МВР да го реализира. Тоа е мно

Во однос на возилата со паметни камери што ќе регистрираат прекршоци, рече дека тие веднаш ќе бидат процесуирани и во рамки на системот врз основа на компјутерска обработка на податоците што ќе бидат внесени во системот. Според него, овој процес ќе биде многу транспарентен и комуникација со јавноста ќе биде постојана нема повредно нешто од човековиот живот особено ако се говори за млади луѓе.

Министерот одговарајќи на новинарско прашање потврди дека предмет на анализа се и електрични тротинети и велосипеди и оти ќе се најде соодветна законска легислатива која што би можела да овозможи регулирање на овој тип на сообраќај.

Постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан, на истата трибина рече дека системот „Безбеден град“ е во согласност со целите на одржлив развој на ОН. -Една од тие цели вели дека намерата е до 2030 година да се преполови бројот на смртни случаи и повреди од сообраќајни несреќи во светот. Знаеме за големиот број на сообраќајни несреќи во оваа земја којшто е над европскиот просек, и сакаме да и помогнеме на Владата со помош значи на различни чинители како МВР, Министерството за правда, тој просек да биде што поблизок до просекот на ЕУ, односно доста понизок од сегашниот, рече Григоријан.

Министерството за правда имаше обврска да ги подготви измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за прекршоци и измени на Кривичниот законик со цел да се обезбеди имплементација на проектот „Безбеден град”. Започнaти се нови измени во Законот за прекршоците. Предвидена е посебна постапка  за прекршоците од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата, која се однесува на прекршоците утврдени со помош на електронски системи за детектирање, како што е системот „Безбеден град“.

Засилените сообраќајни контроли од страна на сообраќајната полиција во изминатите неколку месеци покажуваат дека дисциплината и одговорноста кај учесниците во сообраќајот се уште не се на пот

-Воведуваме скратени постапки со кратки рокови за судење и засилени казни за рецидивистите, вклучувајќи забрана за управување со возило по третиот прекршок.  Прекршочните налози ќе се доставуваат брзо и ефективно преку СМС и е-пошта. Сторителите ќе имаат право на судска заштита ако не ја прифаќаат одговорноста. Овие промени ќе ја подобрат брзината и ефикасноста на постапките, посочи претставник на Министерството за правда на јавната дебата.

Јавните дебати за безбедноста во сообраќајот, како и масовните протести на граѓаните под мотото „Кој е следен“, уследија по сообраќајната несреќа во која загина 22-годишната студентка Фросина Кулакова, на 29 јануари годинава.

Back to top button
Close