Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на третиот ден од бегството  денеска изјави дека Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата, а во текот на денов по неа ќе била распишана меѓународна потерница.

– Согласно информациите кои ги имам меѓународна потерница ќе биде распишана денес, јавното обвинителство побара определување мерка притвор. Доколку судот донесе таква одлука веднаш Министерството ќе ја процесуира преку каналите што ги имаме за меѓународна соработка и се надевам дека нашиот источен сосед ќе се одважи да ги почитува меѓународните правила, Европската конвенција за човекови слободи и права, се она што значи нормална европска држава каква што Бугарија тврди дека е и суштински и е дел од семејството на ЕУ – рече Тошковски во интервју за Сител.

Тоа Бугарија, вели тој, треба да го покаже со дела а не само со декларативни изјави.

Ива Михаилова, која во Македонија е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, деновиве избега во Бугарија.

За Михаилова, која има и бугарско државјанство, во сила е активна судска забрана за напуштање на земјата.

Македонското МВР претходно соопшти дека таа нелегално излегла од Македонија и нелегално влегла во Бугарија.

– Преку заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија – соопшти попладнево МВР во вестите на тв Сител.

Михаилова преку државната телевизија БТВ соопшти дека на легален граничен премин заедно со нејзиниот адвокат од Бугарија ја напуштила Македонија и е во Софија за лекување во болницата Пирогов.

И адвокатот на Михаилова за БТВ изјави дека заедно со Ива од Кочани се упатиле за Софија и границата ја преминале на леегален премин при што Михаилова прашана со какви документи ја поминала границата со македонска лична карта на македонскиот а со бугарска лична карта на бугарскиот премин. Нејзибиот адвокат одбо на прашање на БТВ да каже од кој граничен премин влегле во Бугарија со образложение дека македонските граничари биле многу љубезни со нив и не сака да им направи проблем.

Back to top button
Close