Тотален хаос или нов светски поредок?

Во сè уште формално постоечкиот светски правен поредок, кој е во фаза на насилна смрт, единственото нешто што е предвидливо е тоа дека ништо не е предвидливо. Честопати чекорите преземени за да се избегне глобална катастрофа нè водат токму кон таа катастрофа!

Мерсел Биљали

Светот по Студената војна бил оној во кој се веруваше дека либералната демократија и глобализацијата немаат алтернатива, Тој светски поредок сега е во длабока кома. Тоа повеќе не е теорија, туку реалност што ја чувствуваме преку војните низ светот, а и во комшилукот, башка безбедносните закани, цените на енергенсите, климатските предизвици и дигиталните технологии што императивно ги преобликуваат сите општества. Реалност што ја чувствуваме длабоко и во нашите души. Постоечкиот светски правен поредок претрпе силен удaр од гром. „Војната е татко на сè.“ од Хераклит (пред многу векови) испадна поточна од „Крајот на историјата“ на Фукујама (од пред само триесет години)! Наместо нов светски поредок што би дошол од дигитален центар, од кој се плашеа теоретичарите на заговор, се раѓа нешто сосема друго. Нешто непознато, кое како целина не се вклопува ниту во духот на мултиполарниот свет предвидено во руската геополитичка литература, ниту во кинескоцентричниот поредок на БРИКС што тие го прогласија како неизбежен!

Изгледа доаѓа нова ера по пост-инфарктната состојба на односите меѓу САД и ЕУ,  кога втората се чувствува како дете оставено само во длабокото море. На прв удар се случи нешто непредвидливо – ера во која САД и ЕУ играат спротивставени една на друга! Европа го доживеа тоа, не само како крај на историјата, туку како крај на светот. Тие не можеа да разберат дека не можете да контролирате сè што ви се случува, но можете да контролирате како ќе реагирате на она што ви се случува.

Но, после Алјаска, Путин наместо да омекне тој стана крајно агресивен, па дури тестираше и релевантна членка на НАТО! Целосно го прегази духот на средбата со Трамп. САД сфатија дека поради наивност возеле во погрешна насока. Потоа се случија шокантни видео-настапи со Си Џимпинг. САД излгледа беа принудени да ги приземјат своите мисли, а и нивните ставови. Сега размислуваат за одделни игри, но сепак да бидат главен дел во истиот тим на „глобалниот Запад“, во кој играат и Јапонија, Јужна Кореја, Велика Британија и нејзините поранешни колонии Австралија и Нов Зеланд. А Велика Британија се однесува како Брегзит никогаш да не се случил.

Реално Кина станува сè посилна и на економски и на воен план, но далеку од она што беше замислено со нивните стратегии од „Појас и пат“ (Belt and Road) и БРИКС. Русија последниве недели, особено по кинеската воена парада, што покажа дека Кина и го зазема позицијата на „втора светска воена сила“, нервозно изврши брутални напади врз Украина. Путин како да сакаше да покаже дека и покрај средбата со Трамп и санкциите, тој си го прави своето, но резултатите на терен се далеку од очекуваните. Покрај тоа, постојат внатрешни тензии поради реалноста на поговорката: „Во војна, богатите даваат волови, а сиромашните синови“.

Индија се појави на светската сцена како новата најнаселена земја во светот, но и со брз економски развој, и бара свое природно место. Таа е во матрицата на врски со Велика Британија, Америка и Европа, а има сериозни погранични проблеми со Кина на Хималаји. Пред неколку години таму имаше и вооружени инциденти меѓу овие две најнаселени држави на светот. Реално светот веќе е мултиполарен. Имаме пет големи сили – САД, Кина, Русија, Индија и ЕУ. Оттука, за ЕУ утрешниот ден не мора да биде мрачен и песимистички. Реалноста детерминира време на нова рамнотежа, во кое Европа ќе најде посилна и покреативна улога. Таа првин треба да најде излез од својата глупа „едногласност“ ,кај што и не баш важни ЕУ членки знаат да „минираат“ од внатре (Унгарија, Словачка).

Европската Унија навистина делува како „петти елемент“ – присутна, без силен центар, но изненадувачки координирана и наметлива на светската сцена. Еден австриски политички влијателен човек, во моментот кога Трамп воведе царини за целата ЕУ, извика: „Тоа е тоа, ја достигнавме целта. Америка нè препознава како целина, а не како завојувани џуџести стари сили!“

 

Само EУ е сила и вредности!

Ниту Трамп ниту Путин не успеаја да ги свртат европските земји едни против други во значителна мера, а Кина или особено Индија не се обидуваат да го сторат тоа. Индија, како најголем резервоар на млади инженери во светот, се потпира на европски, а не на американски или руски, воени решенија. Кина има поинаков тон кон ЕУ отколку кон САД. Трамп, и покрај целата своја импулсивност, го признава доаѓањето на обединета „делегација“ Европејци во Вашингтон – во која е вклучен и Кит Стармер, и покрај Брегзит, и тоа го менува тонот на компромис меѓу Вашингтон и Москва. Путин и неговите пропагандисти се обраќаат до цела Европа, заканувајќи се подеднакво и до Париз и до Лондон, бидејќи обидите за поткопување не успеаја.

Постојат три најдраматични нишки на глобалната криза, околу кои се вртат политиката и светскиот мир: Украина, Блискиот Исток и глобалната економија. Европа е единствената светска сила која нуди не само моќ, туку и вредности. Во разрешувањето на овие проблеми главните актери првенствено се потпираат врз сила. А ЕУ се потпира и врз вредности – мир, демократија, развој, владеење на правото, човекови права, достоинство итн.

Но, сепак реалноста е далеку од овие идеали. Судбината на Украина ќе одлучи до кој степен меѓународното право ќе преживее како рамка. Блискиот Исток и Газа, како раскрсница на историски патишта, остануваат област без траен мир. Глобалната економија, од друга страна, осцилира помеѓу трговската војна меѓу САД и Кина и обидите на другите земји да се позиционираат меѓу блоковите. На прв поглед, сè изгледа заканувачко. Но, токму тука лежи можноста: за Европа и за помалите земји да ги диверзифицираат партнерите, да ги забрзаат иновациите и да создадат поотпорни системи. Кризата е секогаш поттик за трансформација. Европската Унија може да се држи настрана од „царинската војна“ на Трамп и сепак да тргува со целиот свет. Сега може да се види фактот, скриен за некои, дека Европа има речиси двојно повеќе жители од Америка, а БДП е повисок од Кина, па затоа сите тези за „неважноста“ на ЕУ и нејзината проширена област се всушност смешни, без разлика од кого доаѓаат.

Со доста иронија – донекаде шокантниот притисок на Трамп врз Европа се покажа како клучен поттик Европа да се разбуди дефанзивно и политички од својот 30-годишен зимски сон, па затоа експертскиот пристап на „уметност на договор“ заслужува висок споменик во Брисел. Да не ја удираше политички Европа, 2% сè уште ќе се трошеше за војската и ќе изгледаше смешно во светските кризи. На овој начин, со воен буџет кој се мери во илјадници милијарди, никој не може да гледа со потценување на ЕУ.

Многу европски лидери, кои се стремат дополнително да ја зајакнат Алијансата, рутински наведуваат некоја голема стратешка апсурдност, како на пример: 500 милиони просперитетни Европејци продолжуваат да се потпираат на 350 милиони Американци за својата безбедност или фактот дека 140 милиони Руси можат да ги диктираат условите на Европа чија економија е 12 пати поголема од руската и чиј минимален буџет на НАТО од 2% од БДП е двојно поголем од руската потрошувачка. Поради сервилизам кај едни западни земји, Русија одлучи да ја нападне Украина. Денес, европските лидери и стратези забележуваат дека згрчената Европа не е безбедна Европа. Конфликтот не се минимизира со слабост, туку со огромната доминација на она што Русија најдобро го разбира – силата.

 

Севрна Македонија – Сахара!

Mкедонија cо години со својата лоша и глупа политика функсионира како приватна држава во полза на шака (не)луѓе на кои им беше дозволено да ја ограбуваат целата, дури и да ги приватизираат сите државни институции, протерувајќи така досега над половина од активното население, додека другата половина се надева на случајност и апсурд и продолжува да живее во сиромаштија. Вазалната власт во рацете на „ѓаволот“ во име на „идентитет“ продолжува да произведува непријатели дома и надвор, нудејќи исцрпувачки отров со ептен возбудливо име и завиткан во украсен пакет, од кој се трујат милиони луѓе. Лекот против овој отров е многу едноставен и многу ефикасен. Тоа е владеење на правото, мериторен систем на секое ниво, конкретни понуди за економски развој, каде што модерното земјоделство и руралниот туризам би биле локомотива на развојот. Преостанатите луѓе сега се трујат со отровот наречен „бугарска диктатура“ и слично нему! Никаде во светот не се расправа за идентитети. Тоа е природно чувство.

Холандскиот земјоделски сектор успеа да ја задржи својата позиција како втор најголем извозник во светот. За 2023 година, вкупната вредност на холандскиот земјоделски извоз е 121,5 милијарди американски долари. Холандија, која е само еден и пол пати поголема од Македонија, е втор најголем земјоделски извозник во светот по САД. А нашата земја увезува над милијарда евра храна годишно, Божја казна…

 

 

Back to top button
Close