Тотенхем подготвен да го врати Бејл во Реал

 Тотенхем нема да го продолжи договорот за наем на напаѓачот на Реал, Герет Бејл, пишува „Тајмс“.Според британскиот весник, 31-годишниот играч не го импресионирал раководството на лондонскиот клуб со својот настап, па затоа се подготвени да го вратат напаѓачот во Реал.

Претходно беше објавено дека Велшанецот сака да добие уште една шанса во клубот од Мадрид и да го одработи договорот до крајот.

Во сезоната 2020/21, Бејл учествуваше на 12 натпревари, постигнувајќи три гола. Неговиот договор со Реал Мадрид трае до летото 2022 година.

Back to top button
Close