Трагедија кај Брајчино: Мотоциклист загина откако излетал од патот

Трагичен сообраќајен инцидент се случил рано утринава во ресенскиот регион, каде животот го загубил 44-годишен жител на Љубојно.
Според информациите од МВР, околу 05:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на влезот во село Брајчино, Ресенско, мотоциклистот В.Т. (44) од Љубојно, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Во несреќата тој се здобил со тешки повреди, од кои починал на самото место. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. На местото на несреќата извршила увид екипа од ОВР Ресен. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Извор: fokus.mk






