Трагичен крај на потрагата: Лидија пронајдена мртва
24инфо.мк пренесе дека жената која пред неколку денови беше пронајдена во водите на реката Вардар кај Зелениково е всушност Лидија од скопското село Јурумлери.
Потврда за тоа 24инфо добиле од нејзините најблиски.
Лидија (43) исчезна минатата година на осми ноември, а последен пат била видена на автобуската станица во селото Јурумлери.
Потрагата по неа траеше со месеци, а нејзиниот брат и нејзината сестра бараа и меѓународна помош за нејзино пронаоѓање.
Биле земени ДНК податоци за анализа од блиските на Лидија, и денес пристигнале резултатите со кои се потврдило дека починатата жена е нивната сестра по која неуморно трагаа повеќе од два месеца.
-Сакаме да ја информираме јавноста дека е пронајдено телото на нашата сестра Лидија. Засега тоа е единствениот официјален податок кој го имаме, не знаеме како и од што починала, кога ќе имаме официјални новости од надлежните служби, ќе ги соопштиме за јавност изјавиле за фокус братот и сестрата на Лидија.
Случајот со исчезнувањето на Трајковска, која е мајка, баба и сопруга ја вознемири јавноста. Таа беше една од десетиците исчезнати лица во земјава по кои се трага. Некои од нив се исчезнати пред неколку месеци, а пак некои се водат за исчезнати со години.