Трамп: Доколку заложниците не бидат ослободени примирјето меѓу Израел и Хамас ќе прекине и „портите на пеколот ќе се отворат“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку до сабота напладне не бидат вратени сите заложници кои ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа, тој ќе предложи да се откаже примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе пушти „портите на пеколот да се отворат“.
Зборувајќи со новинарите додека потпишуваше серија извршни наредби во Белата куќа, Трамп рече дека одлуката за продолжување на прекинот на огнот на крајот ќе зависи од Израел.
Но, тој предупреди дека „ќе биде пекол“ ако преостанатите заложници не бидат ослободени, додавајќи дека стравува дека многумина се мртви