ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС


На Венко Филипче и СДС не може да им се верува за ништо. Рубин Земон кој беше член на Извршниот одбор на СДС пролетва излезе во јавност со тврдење дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и оти не е важен за македонскиот идентитет – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално.

По критиките кон него како член во највисокиот партиски орган, а и критики кон претседателот на СДС Венко Филипче, Земон излезе во јавноста и рече дека се повлекува од ИО на СДС бидејќи не сака да и нанесе штета на партијата.

Сега истиот тој Земон беше на седницата на Централниот одбор на СДС која се одржа во четвртокот вечерта.

Очигледно се што прават Земон и Филипче е лажење на граѓаните и ништо повеќе. Со терање на ваква политика СДС само тоне.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close