Трамп: Европа да се фокусира на војната меѓу Русија и Украина, а не на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп ги критикуваше европските лидери за отпорот кон неговите обиди за анексија на Гренланд и ги повика да се справат со сопствената безбедност.
„Европа треба да се фокусира на војната меѓу Русија и Украина затоа што, искрено, гледате каде ги доведе тоа. На тоа треба да се фокусира Европа, а не на Гренланд“, изјави Трамп за Ен-Би-Си Њуз.

Тој нагласи дека не се откажува од својата намера да воведе дополнителни царини за државите што се спротивставуваат на неговата одлука за анексија на Гренланд.

На прашањето дали би употребил сила за да го заземе Гренланд, Трамп кратко одговори: „Немам коментар“

Back to top button
Close