Трамп го нападна „Њујорк тајмс“ поради  текстот дека старее


Иако детална статија на „Њујорк тајмс“ за тоа како претседателот 79-годишниот претседател на САД, Доналд Трамп, покажува „знаци на замор“ и се соочува со „реалноста на стареењето на функцијата“ беше објавена пред две недели, приказната сè уште длабоко го засега американскиот претседател

Трамп синоќа повторно го нападна „Тајмс“ во објава од 488 зборови на неговата социјална мрежа.

„По целата работа што ја завршив со медицински прегледи, когнитивни прегледи и сè друго, всушност верувам дека е бунтовнички, можеби дури и предавнички, „Њујорк тајмс“ и другите постојано да објавуваат ЛАЖНИ вести за да го оцрнат и омаловажат „ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ“. Тие се вистинските непријатели на народот и треба да направиме нешто во врска со тоа, напиша тој.“

Иако Трамп постојано ги напаѓа медиумите, овој пат неговата употреба на зборот „предавство“ и злокобната закана: „треба да преземеме нешто во врска со тоа“ особено го привлекоа вниманието на новинарите.

Се чини дека Трамп не реагирал на некоја нова приказна во изработка, туку дека статијата од 25 ноември од Кејти Роџерс и Дилан Фридман навистина го погодила. Во нивната анализа, новинарите ги испитале распоредите на Трамп и откриле дека тој „има помалку јавни настани во својот распоред и патува многу помалку во земјата отколку во овој момент за време на неговата прва година на функцијата, 2017 година, иако прави повеќе странски патувања“.

„И кога е надвор во јавноста, повремено, неговата батерија покажува знаци на истрошеност“.

Трамп првично одговори на статијата навредувајќи еден од авторитедодека Белата куќа ја опиша неговата здравствена состојба како „одлична“ и „исклучителна“.

„Њујорк тајмс“ денеска одговори на најновиот напад на Трамп, велејќи дека новинарите само си ја вршеле својата работа.

„Американците заслужуваат детално известување и редовни информации за здравјето на лидерите што ги избираат. Г-дин Трамп го поздрави нашето известување за возраста и физичката подготвеност на неговите претходници; ние го применуваме истото новинарско внимание на неговата виталност. Нашето известување се базира на бројни извори, врз основа на интервјуа со луѓе блиски до претседателот и со медицински експерти. Нема да бидеме заплашени од лажен и провокативен јазик што ја искривува улогата на слободниот печат“, напиша „Њујорк тајмс“.

Back to top button
Close