Трамп им се закани на Венецуела и Мексико


Претседателот на САД, Доналд Трамп, продолжи да се заканува со копнени напади врз трговците со дрога во Венецуела во интервју за Политико објавено денеска, додека претставниците на неговата администрација подготвуваат брифинг за пратениците во услови на зголемени тензии со латиноамериканската земја.

Републиканскиот претседател изјави за Политико дека може да ги прошири воените операции во борбата против дрогата во Мексико и Колумбија, а во опсежното интервју ја критикуваше и Европа, повика на нови избори во Украина и го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан.

-Тие се слаби, рече Трамп, осврнувајќи се на политичките лидери во Европа. „Тие сакаат да бидат многу политички коректни. Не знаат што да прават“, додаде тој. „Европа не знае што да прави“, нагласи Трамп.

Во врска со Латинска Америка, Трамп постојано одбива да ја исклучи можноста за испраќање американски трупи во Венецуела како дел од напорите за соборување на претседателот Николас Мадуро, велејќи дека не сака да разговара за воени стратегии: „Не сакам да коментирам за тоа“.

Трамп, исто така, рече дека смета дека е време Украина да одржи избори бидејќи војната се приближува кон својата четврта година.

Трамп рече дека не понудил финансиска помош за владата на неговиот сојузник Орбан, кој се сретна со Трамп во Белата куќа минатиот месец.

„Не, не му ветив, но тој сигурно ја побара“, рече Трамп.

Back to top button
Close