Трамп му се јави на Зеленски, тврди дека ќе стави крај на војната во Украина
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека имал „многу добар“ телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, повторувајќи дека ќе стави крај на војната во Украина дури и пред да ја преземе функцијата во јануари, доколку победи на изборите на 5 ноември.
Трамп изјавил дека како претседател ќе „донесе мир во светот и ќе стави крај на војната која чини многу животи“. Тој посочил дека Украина и Русија ќе можат да преговараат за мировен договор кој „го става крај на насилството и го отвора патот кон напредок“.
Трамп, исто така истакнал дека Зеленски во телефонски разговор во петокот му честитал што станал републикански претседателски кандидат, како и дека го осудил атентатот врз него минатата сабота.
-За време на разговорот со Трамп, Зеленски ја истакнал важноста од зачувување на двопартиската поддршка на САД за Украина – пренесува Укринформ.
„Разговарав со Доналд Трамп. Му честитав на републиканската номинација и го осудив страшниот обид за атентат во Пенсилванија. Му посакав сила и апсолутна безбедност во иднина“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.
Претседателот на Украина, исто така, изразил благодарност до САД што помогнале во зајакнување на способноста на Украина да се спротивстави на руските напади