Трамп нареди повлекување на Националната гарда од Вашингтон

Владата на дистриктот Колумбија минатата недела побара од Гардата да и помогне на полицијата да ги смири протестите по смртта на Џорџ Флојд. Тогаш Трамп нареди илјадници припадници на Гардата и федералните безбедносни сили да бидат на улиците на Вашингтон по одделни случаи на грабеж и насилство. Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер минатата недела го повика Трамп да ги повлече припадниците на Националната гарда кои некои држави ги испратија во главниот град.

Трамп на својот профил на Твитер денеска напиша дека трупите на Националната гарда ќе заминат дома, но оти можат и да се вратат доколку е потребно.

Back to top button
Close