Трамп потпиша указ за „разубавување“ на американската престолнина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска потпиша указ за одржување на безбедноста и уреденоста на американската престолнина за таа да биде „убава“.

– Американската престолнина треба да биде место каде што секој жител или турист ќе се чувствува безбедно во секое време. На автопатите, булеварите и во парковите треба да биде чисто, уредено и пријатно, се вели во текстот на указот објавен од Белата куќа.

Во посебна точка од указот се нагласува потребата Вашингтон да биде „убав“, а за спроведување на програмата за „разубавување“ на градот се задолжени повеќе институции, агенции и министерства.

Back to top button
Close