Трамп: Путин и Зеленски сакаат да постигнат договор

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска во Мар-а-Лаго на Флорида, пред средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека постојат темели за договор што би бил добар и за Украина, и оцени дека и Зеленски и претседателот на Русија, Владимир Путин, сакаат да го постигнат.

Тој рече дека верува оти и Зеленски и Путин навистина сакаат мир.

Трамп, разговарајќи заедно со Зеленски пред резиденцијата во Мар-а-Лаго, рече дека верува оти Путин е „сериозен по прашањето за мирот“.

Back to top button
Close