Трамп: Сега не е време Русија да се врати во Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прозорецот за враќање на Русија во Г7 во овој момент е затворен, објави ДПА, за промената во ставот на Трамп за ова прашање.

Трамп рече дека помина времето за Русија да се врати во Г7 и дека сега не е вистинско време за тоа.

Во февруари, Трамп изјави дека одлуката за исклучување на Русија од Г7 беше грешка и изрази поддршка за враќањето на Русија во Г7.

Трамп потоа изјави дека можеби можеби до војната меѓу Русија и Украина и немаше да дојде доколку постоеше Г8. Меѓутоа, Трамп не спомена дека Русија беше отстранета од Г-8 и форматот се врати кон својата оригинална верзија – Г-7, по анексијата на Крим во 2014 година

Back to top button
Close