Трамп: Тие се многу блиску до договор за прекин на огнот во Газа
Договорот за прекин на огнот во Газа е „многу блиску“, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп, откако претходно Израел го принуди палестинскиот Хамас да го прифати предлогот поддржан од САД.
-Тие се многу блиску до договор за Газа, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа.
„Ќе ве известиме подоцна денес или можеби утре. Имаме добри шанси да го постигнеме тоа“, додаде американскиот претседател.