Тренчевска: Владата да не биде суетна и да ги прифати истите мерки кои ги воведовме во 2022
Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јованка Тренчевска смета дека само со една мерка, намалување на ДДВ-то од 18 на 10% на горивата, не може да се постигне ефект во заштита на стандардот на граѓаните. Тренчевска предлага да се намали и акцизата за 4 денари, како и намалување на ДДВ на основните производи на 0% и преполовување на патарините.

-Во моментот, инфлацијата на месото ви е 7,9, на овошјето ви е 16,3, на безалкохолните пијалоци ви е 10,7, на масти и масла ви е 2,9, на млеко, сирење и јајца ви е 4,2%. Ова се податоци од февруари од годината. Во 2022 година, пакетот антикризни мерки даде резултат. Тогаш со намалувањето на ДДВ на 10% и акцизата за 4 денари, ефектот беше дизелот да се намали за 10,5 денари, а бензините за 11,5 денари. Сега не гледаме никакви мерки во најава. Кога имаме добар пример на мерки кои дале ефект, Владата не треба да биде суетна и се имплементирани од претходната влада туку да го прифати она што е најдобро за граѓаните, кажа Тренчевска во емисијата „Топ тема“.
Во дебатата, Тренчевска додаде дека власта, наместо секојдневно да прави дефокус и да бега од реалните проблеми, треба да се фокусира на потребите на граѓаните и дополнително да го прошири опсегот на мерки.
-Социјално ранливите категории на граѓани сега најмногу се погодени од поскапувањето и зголемувањето на цените на горивата и храната, а не гледаме никакви мерки, ниту пак најава на сет мерки со кои би се заштитил животниот стандард на работниците кои што се со минимална плата, на пензионерите коишто се со најниски пензии, на социјално ранливите категории на граѓани, на лицата со попреченост. Во 2022 година ние имавме мерки со коишто ги заштитивме и земјоделците и ранливите категории на граѓаните и приватниот сектор, генерално сите граѓани, рече Тренчевска






