Тренерот на Баерн добил смртни закани

Тренерот на германскиот шампион Баерн Минхен, Јулиан Нагелсман, изјави денеска дека добил смртни закани, откако баварскиот клуб беше елиминиран во вторникот од Виљареал во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

– Знам дека секогаш ќе бидам критикуван од сите страни, тоа е нормално и можам да се носам со тоа. Но со 450 смртни закани на Инстаграм, тоа не е нормално, изјави тренерот на Баерн на прес-конференција пред неделниот бундеслигашки дуел против Арминија Билефилд.

– Ако луѓето сакаат да ме убијат мене, тоа е една работа, но ја напаѓаат мојата мајка, која воопшто не се разбира во фудбал. Тоа не можам да го разберам. Штом го изгаснат телевизорот луѓе заборават на пристојноста. И што е најлошо, мислат дека се во право, додаде Нагелсман.

Тој е втор член на раководството на Баерн на чија адреса оваа недела беа упатени смртни закани. Сопругата и синот на спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ објавија дека изминатите два дена, исто така, добивале закани по својот живот.

Back to top button
Close