Тренерот на Фулам во самозиолација, но подготвен да ја води екипата од својот дом
Тренерот на премиерлигашот Фулам, Скот Паркер, нема да ја предводи од клупа својата екипа викендов против Саутемптон, бидејќи се наоѓа во изолација по позитивен случај на коронавирус во неговото семејство.
Фулам соопшти попладнево дека Паркер бил негативен на тестирањето за коронавирус, но оти согласно мерките на здравствените власти од оваа недела е во самоизолација.
На клупата на Фулам в сабота на натпреварот против Саутемптон ќе седат неговите асистенти, Мет Велс и Стјуарт Греј, а Паркер ќе ги советува преку мобилен телефон од својот дом.
Фулам по 14-то коло во Премиерлигата се наоѓа во зоната на испаѓање, на 18. место со десет бодови.