Трет конвој со хуманитарна помош премина од Египет во Газа, Црвениот крст бара одржлив план за испорака

Третиот конвој со хуманитарна помош денеска замина од Египет во Газа преку преминот Рафа.

Првиот конвој од 20 камиони премина во саботата, а вториот вчера околу 14 часот.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст денеска ја поздрави испораката на првите два конвои со помош во Газа, додавајќи дека тоа е само мал дел од она што му е потребно на населението.

Портпаролката на добротворната организација Имене Трабелси рече дека мора да има постојан и одржлив план за испорака на залихи, истакнувајќи дека огромното мнозинство во Газа се потпираше на помош дури и пред да избие последниот конфликт.

Трабелси додава дека семејствата кои се принудени да ги напуштат своите домови спијат на улица без основни работи бидејќи засолништата се веќе полни.

„Не е претерување да се каже дека е катастрофално во Газа“, таа рече.

Back to top button
Close