Тргнале од скопскиот аеродром, но оваа грешка на возачот била кобна – ова се трите загинати лица (ФОТО)

 

Трагично заврши потрагата по тројцата патници кои од саботата вечер се водеа како исчезнати. Според извори на Алсат, нивниот „мерцедес“ со германски регистарски таблички е пронајден превртен вечерва во близина на границата со Косово, а во возилото биле пронајдени телата на сите тројца.

Станува збор за Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани, кои последен пат биле видени вчера околу 22 часот во Скопје, откако тргнале од аеродромот кон Косово.

Автомобилот во кој се наоѓале трите лица што се водеа како исчезнати е пронајден превртен во близина на првиот кружен тек, на делницата од автопатот Скопје – Блаце кој сè уште е во изградба.

ВОЗАЧОТ НЕ ГО ЗАБЕЛЕЖАЛ МАЛИОТ КРУЖЕН ТЕК?

Според првичните информации, возачот најверојатно не го забележал навреме малиот кружен тек, а дополнителен фактор можела да биде и недоволната осветленост на овој дел од патот. Поради тоа, возилото излетало од коловозот и завршило превртено во провалија.

Несреќата била пријавена околу 22:35 часот од случаен минувач, кој го забележал превртениот автомобил кај приклучокот кон новиот автопат што е во изградба, на местото каде што завршува автопатската делница.

Во возилото се наоѓале две жени и еден маж. Според првичните сознанија, две од лицата претходно пристигнале на Меѓународниот аеродром во Скопје, по што заедно тргнале кон Косово.

КОНСТАТИРАНА СМРТ КАЈ ТРИТЕ ЛИЦА ВО 23:07 ЧАСОТ

По пријавата, на местото веднаш пристигнале полициски екипи и Итната медицинска помош. Во 23:07 часот, лекар од Итната помош констатирал смрт кај сите тројца патници.

На местото на трагедијата извршен е увид од екипи на Единицата за безбедност на патниот сообраќај, полициски службеници од Полициската станица Чаир и инспектори од Секторот за истраги.

Причините за несреќата ќе бидат утврдени во понатамошната истрага.

izvor  news 24 mk

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close