Три лица загинаа по експлозија во хидроелектрана во близина на Болоња
Три лица загинаа во експлозија во хидроцентрала во близина на Болоња, јави АНСА, повикувајќи се на локалната префектура.
Во инцидентот се повредени три лица. Шестмина се водат како исчезнати, според ажурираните бројки.
Италијанските медиуми претходно јавија дека кај браната на езерото Сувијана, која се наоѓа меѓу Болоња и Фиренца, попладнево околу 15 часот дошло до експлозија.
Портпаролот на компанијата „Енел Грин Пауер“ соопшти дека имало пожар на трансформаторот и посочи дека ги преземале сите безбедносни мерки за евакуација и заштита на персоналот.