Три морнари во САД извршиле самоубиство од декември

Морнар на американскиот носач на авиони УСС, „Џорџ Вашингтон“ изврши самоубиство на почетокот на минатата недела, соопшти полицијата по истрагата, што е последно во низата од 14 самоубиства во изминатите две години меѓу воениот персонал на овој воен брод.

Последната жртва, која не е именувана бидејќи семејството сè уште не е известено, се самоубила во приватен дом во Њупорт Њуз, Вирџинија, според пишувањето на сајтот „military.com“.

Портпаролот на полицијата изјави дека се работи за самоубиство.

Војникот бил стациониран на „Џорџ Вашингтон“, кој од почетокот на 2017 година се ремонтира.

 

На истиот брод, тројца морнари си го одзедоа животот во рок од седум дена минатиот април, според Си-Ен-Ен.

 

Електричарот од трета класа Џејкоб Слокум и наредникот Кристофер Керол се самоубија на 5 декември и 18 јануари, додека биле на бродот УСС „Теодор Рузвелт“, уште еден носач на авиони кој се закотви на бродоградилиште во државата Вашингтон.

Условите на бродот „Џорџ Вашингтон“ беа во фокус по истрагата за смртта на морнарите минатиот април.

Како што пишува „Вашингтон тајмс“, членовите на екипажот се соочувале со чести прекини во проветрувањето на просториите, прекини на струја и вода, а на бродот имало постојана градежна врева.

Многу морнари почнаа или да спијат во своите возила или да изнајмуваат куќи надвор од локацијата за да избегнат метеж.

Двајца демократски сенатори од Конектикат, Крис Марфи и Ричард Блументал, во неодамнешното писмо до секретарот на морнарицата Карлос дел Торо оценија дека условите на бродот „Џорџ Вашингтон“ се неприфатливи.

Тие, исто така, ја критикуваа морнарицата што не се грижи за менталните потреби на нејзиниот екипаж.

Самоубиствата се се поголем проблем меѓу припадниците на американската војска, проценува „military.com“ и наведува дека 384 американски војници извршиле самоубиство во 2020 година, што е зголемување за 44 отсто од 2015 година. Од 2014 година, 4.842 војници си го одзеле животот.

Back to top button
Close