Трибуналот во Хаг ги одби жалбите на Тачи, Вејсели, Селими и Красниќи за привремено пуштање на слобода

Четворицата водачи н ОВК се товарат за злосторства против човештвото и воени злосторства

Трибуналот за злосторства на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК) во Хаг ги отфрли жалбите на четворица водачи на оваа организација за нивно привремено ослободување.

Специјализираниот совет на Косово, кој е официјално име на судот со седиште во Хаг, ги отфрли жалбите на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, како и на Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, пренесува РТС.

Тачи (52), Вејсели (53), Селими (49) и Красниќи (69) се обвинети за злосторства во 42 илегални притвори на ОВК во Косово и Албанија врз најмалку 407 приведени, од кои најмалку 98 биле убиени, во периодот од март 1998 година до септември 1999 година.

Обвинението ги товари Тачи, Вејсели, Селими и Красниќи во десет точки за прогон врз политичка и етничка основа, затвор, незаконско апсење и притвор, други нехумани дела, суров третман, тортура (две точки) и убиство (две точки).

Овие злосторства се квалификувани во шест точки како злосторства против човештвото и во четири точки како воени злосторства.

Back to top button
Close