Триесет и тригодишен од село Манастирец пукал во баба си, жената не е во животозагрозувачка состојба

 Триесет и тригодишен од росоманското село Манастирец пукал синоќа во баба си, жената се наоѓа во кавадаречката болница и за среќа не е во животозагрозувачка состојба.

Доктор Ратко Грков од Брза помош Кавадарци потврди за МИА дека интервенирале на местото на настанот и поради повредите, ја пренеле жената во болница.

Хирургот Благој Митев, кој синоќа бил дежурен во болницата во Кавадарци, за МИА соопшти дека жената е задржана на хируршкото одделение

-Има три метални предмети во екстремитетот. Во горниот дел на екстремитетот, таму надлактицата. Ќе се интервенира хируршки, за да се извадат. Кога ќе се извадат, ќе се види за што точно се работи, појасни хирургот.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски најави официјална информација за подоцна во текот на денот.

Back to top button
Close