Тринаесетгодишник пренесен в болница во Скопје, го нападнал родител на негов соученик

Тринаесетгодишно момче било пренесено во ГОБ „Свети Наум Охридски“ во Скопје, откако бил нападнат од родител на негов соученик, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 15:38 часот во СВР – Скопје, од Јавна здравствена установа Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 13-годишник од Скопје. Според пријавеното, околу 12:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од С.Р. – родител на негов соученик – појаснија од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






