Трипуновски не чувствува одговорност за уапсените директори: Никого нема да штитам

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, зборувајќи за уапсените во министерството за земјоделство, како и за истраги за проневери за други средства, изјави кажа дека нема никого да штити. Одговорност, како што кажа на ТВ 21, не чувствува за уапсените двајца директори – Илија Стоилев и Васе Анакиев.

-Ја следам работата во министерството во делот на тековното функционирање. Ако сум увидел неправилности, ќе сум реагирал. Немојте да имате дилема дека некого ќе штитам. Јас сум министер во ресор кој има десетина институции, ја следам програмата на Владата која сме ја ветиле пред граѓаните.

И јас трошам многу енергија да ја следам целта да направиме што подобро министерство. За секого што има сомнеж и доказ за корупција или било која неправилност, ќе има одговорност. Го осудив однесувањето на двајцата директори, но морална одговорност не чувствувам – изјави Трипуновски.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close