Трката во Формула 1 за ГН на Турција одложена за една седмица

epa07110330 Cars in action during the United States Formula One Grand Prix at the Circuit of the Americas, in Austin, Texas, USA, 21 October 2018. EPA-EFE/SRDJAN SUKI

 Трката од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Турција ќе се одржи една недела подоцна од планираното, објавено е на официјалната веб-страница на Ф1.

Оваа одлука е донесена поради фактот што Турција останува на „црвената листа“ на владата на Обединетото Кралство како регион со зголемен ризик од инфекција со коронавирус.

Во Формула 1, има неколку тимови со седиште во Англија.

Турското Гран при, првично закажано за 1-3 октомври во Истанбул, е одложено за 8-10 октомври

Back to top button
Close