Tројца Бугари осомничени за сквернавење на споменик на холокаустот во Париз

Три лица од Бугарија се осомничени за вандализирање на споменик на холокаустот во Париз. Париското јавно обвинителство трага по сторителите на вандалскиот чин и според нивните сознанија трагите водат во Бугарија.

На 14 мај, црвени раце беа пронајдени на Ѕидот на праведниците на споменикот на холокаустот во Париз, на кој се наведени 3.900 луѓе кои учествувале во спасувањето на Евреите за време на нацистичката окупација на Франција во Втората светска војна.

Обвинителите истражуваат оштетување на заштитениот историски објект од национални, етнички, расни или верски мотиви.

Слични ознаки беа пронајдени на друго место во областа Маре во центарот на Париз, историски центар на францускиот еврејски живот, пренесува France24.

Во писмен одговор до Политико, обвинителството соопшти дека тројцата осомничени биле забележани од надзорните камери како се движат од споменикот до хотел во источниот дел на Париз, пред да заминат со автобус кон Белгија.

„Истрагата, исто така, утврди дека резервациите биле направени од Бугарија“ – соопштија од обвинителството.

Back to top button
Close