Тројца Германци се надеваат на Оскар

 

Двата филма веќе имаат добиено бројни значајни награди. „Наставничка канцеларија“ победи во пет категории на Германската филмска награда за 2023 година. Драмата дури му ја одзеде Златната Лола за најдобар филм на германскиот оскаровец  „На запад ништо ново“.

Главниот актер Коџи Јакушо во „Совршени денови“ ја доби наградата за најдобар актер на Канскиот филмски фестивал, додека режисерот Вим Вендерс ја доби наградата од екуменското жири.

Коџи Јакушо
Коџи Јакушо во филмот „Совршени денови“Фотографија: Neon/Courtesy Everett Collection/picture alliance

Во категоријата „Најдобар меѓународен игран филм“ се пријавија 88 земји, пет ќе влезат во финалната селекција, а победничкиот филм ќе биде избран на доделувањето на Оскарите на 10 март.

Микрокосмосот на училиштето и светот на чистачот на тоалети

„Наставничка канцеларија“ ја раскажува приказната за една млада учителка (Леони Бенеш) која сè подлабоко запаѓа во морална дилема. Таа сака да расветли серија кражби во своето училиште и за таа цел тајно има инсталирано камера во учителската канцеларија. Филмот интензивно ја прикажува динамиката што може да настане меѓу луѓето и секако може да се прочита како коментар на актуелното општество, повеќе ориентирано кон бес отколку кон меѓусебно разбирање.

Илкер Чатак
Илкер Чатак прв пат е номиниран за ОскарФотографија: Monika Skolimowska/dpa/picture alliance

„Совршени денови“ ја раскажува приказната за човек по име Хирајама (Коџи Јакушо) во Токио, кој работи како чистач на тоалети, но се чини е задоволен со својот едноставен живот и ужива во малите моменти од секојдневието. Поетскиот филм е понесен од глумата на јапонската актерска легенда и неговите колеги, но и успешната употреба на музиката – вклучително и истоимената песна „Совршен ден“ од Лу Рид.

Филмот на Вендерс е јапонски кандидат за Оскар

Филмот е во трка за странскиот Оскар за Јапонија, бидејќи Вендерс го сними не само со јапонска актерска екипа, туку и со јапонски косценарист и јапонски средства. „Каква чест е да можам да ја претставувам земјата на Јасуџиро Озу, Акира Куросава, Кенџи Мизогучи и многу други великани“, рече Вендерс, мислејќи на познатите јапонски режисери.

Вим Вендерс
Вим Вендерс на прес конференција во ТокиоФотографија: Shuji Kajiyama/AP/dpa/picture alliance

Во септември 2023 година, Вендерс ја доби наградата на германските кина за филмска уметност како „Најдобар странски филм“ за „Совршени денови“. Ова значи дека тој е подготвен „да ги претставува јапонските бои во трката за Оскар за најдобар меѓународен игран филм“, рече Вендерс. „Но, јас сум сосема свесен дека всушност сум таму само како помошник на мојот прекрасен актер Коџи Јакушо. Јакушо стана познат по ТВ улоги, а подоцна играше сè поголеми филмски улоги.

Во игра се и други филмови со германско учество

Додека Чатак ја слави својата прва номинација,  Вим Вендерс  веќе трипати беше номиниран за Оскар: во 2000 година со музичарскиот документарец  „Буена Виста Соушл Клуб “, во 2012 година со 3D танцовиот филм „Пина“ за Пина Бауш и во 2015 година со документарниот филм „Солта на земјата“ за бразилскиот фотограф Себастиао Салгадо. На крајот, режисерот кој со децении беше меѓународно успешен секогаш заминуваше со празни раце од доделувањето на Оскарите.

Покрај Германија и Јапонија, во потесниот избор се најдоа и Франција („Возљубен готвач“), Италија („Капетан“), Шпанија („Снежната компанија“) и Украина („20 дена во Мариупол“). Германски продукциски компании се вклучени во уште три други кандидати – од Финска („Лисја што паѓаат“), Данска („Ветената земја“) и Тунис „Четири ќерки“.

Сандра Хилер продолжува по патот кон успехот

Германската актерка Сандра Хилер, која моментално ја фалат на сите страни, игра во англискиот филм „Зона на интерес“. Таа беше номинирана за Златен глобус за нејзината улога во француската судска драма „Анатомија на еден случај“, но остана со празни раце. Сега таа може да се надева на Оскар за најдобра актерка токму за улогата во „Зона на интерес“.

Сандра Хилер на доделувањето на Европските филмски награди 2023 година
Сандра Хилер на доделувањето на Европските филмски награди 2023 годинаФотографија: Odd Andersen/AFP/Getty Images

Двата филма во кои глуми Хилер беа исто така големи победници на Канскиот филмски фестивал, каде „Анатомија на еден случај“ ја освои Златната палма, а „Зоната на интерес“ ја освои Големата награда на жирито, втората главна награда на фестивалот. Церемонијата на доделување на Оскарите треба да се одржи на 10 март 2024 година.(dw)

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close