Тројца загинати, 32 повредени во автобуска несреќа во Турција
Најмалку три лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што се случи денеска на северот на Турција.

Автобус на приватна автобуска компанија се превртел на главниот автопат кај Болу, а се движел од Кајсери кон Истанбул.
Истрагата за несреќата е во тек.






